logo
logo
logo

Хаос било во Марсеј: Де Зерби не сакал да ги тренира играчите, тие се бунтувале против него!

Vecer | 04.04.2025

Хаос било во Марсеј: Де Зерби не сакал да ги тренира играчите, тие се бунтувале против него!

Како што пренесуваат медиумите во Франција, вистински хаос се случувал во Марсеј, во некогашниот европски првак. Имено по саботниот пораз од Ремс, тренерот Роберто Де Зерби им рекол дека не смее никој да си од дома и дека во наредните два дена, кои биле предвидени за слободни денови, сите играчи ќе престојуваат во клупскиот комплекс, односно во карантин. Следувал нов шок, утредента на тренингот им кажал дека нема намера да ги тренира и дека тренингот ќе го водел неговиот помошник.

На тоа реагирале самите играчи, кои почнале да се бунтуваат против него и напонемале дека немаат намера да тренираат.

Тука бил и спортскиот директор, Мехди Бенатија кој ги замолил играчите да го прекинат штрајкот или бунтот.

Нивниот одговор на се ова бил дека ова што се случува во Марсеј се нема случено во ниту еден европски клуб.

Последните информации се дека страстите се смириле, Де Зерби и играчите тренарале редовно, ама и тоа дека Италијанецот и дефинитивно нема контрола врз своите пулени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk