logo
logo
logo

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ВО ПОХОД ПО ЕВРОПА

Vecer | 09.04.2025

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ВО ПОХОД ПО ЕВРОПА

Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Франција започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе викендов пред нов предизвик. Во Франција на патеката Сан Жар Ду Гард, тој ќе го започне својот најнов поход на ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, кој годинава има 11 трки. Шампионатот започнува на 12.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и годинава ќе се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. Тој и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе лани забележа успех и заврши како прв во својата група на Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој со своето Ферари 488 Челинџ Ево заврши на лидерското место пред Чехот Рони Братшчи кој беше втор. Третото место му припадна на Хрватот Домагој Перековиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk