logo
logo
logo

Хајдук го претстави наследникот на Гатузо!

Vecer | 13.06.2025

Хајдук го претстави наследникот на Гатузо!

Гонзало Гарсија (42) е новиот стратег на Хајдук. Тој е наследникот на Џенаро Гатузо и како што е најавено, двете страни потпишале тригодишен договор. Станува збор за Уругваец, кој најголем дел од својата играчка кариера ја минал во Шпанија.

Како тренер ги предводел екипите на, како асистент, на Есбјерг и Твенте, а потоа на овој вториот бил и главен.

Од 2021 година е шеф на струката на Истра, па откако имаше забележителни резултати со овој хрватски клуб, од денеска и официјално е нов шеф на струката на сплитскиот и хрватски гигант.

Во меѓувреме беше и во Ароука, но пак се врати во клубот од Пула.

Да напомене дека Гарсија нема да соработува со нашиот Александар Трајковски кој веќе не е член на “билите“.

ФОТО: НК Хајдујк/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk