logo
logo
logo

Келн може да испадне, но си најде тренер за следната сезона

Vecer | 11.05.2021

Келн може да испадне, но си најде тренер за следната сезона

Тимот на Келн грчевито се бори за опстанок во Бундеслигата, и се ќе зависи во последните две кола. „Јарците“ може на крајот и да испаднат.

Но, она што е чудно е што наместо да се фокусираат како да останат во Бундеслигата, а потоа да најдат играчи и тренер, тие денеска назначија нов предводник од следната сезона.

Станува збор за Штефен Баумгарт кој потпиша на две години. Тој претходните четири сезони беше тренер на Падеборн, кој успеа да го внесе во „елитата“, а потоа и да испадне.

Во моментов тимот го води Фридхелм Функел, а претходниот тренер Маркус Гидсол е отпуштен поради слабите резултати.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk