logo
logo
logo

Кејн: Што ми вреди да сум најдобар стрелец кога немам ниту еден трофеј

Vecer | 28.04.2021

Кејн: Што ми вреди да сум најдобар стрелец кога немам ниту еден трофеј

Тотенхем и оваа сезона нема да освои трофеј. Го загуби финалето на Лига купот, испадна од Лига Европа, а далеку е титулата во Премиер лигата. Најдобриот играч Хари Кејн испрати јасен сигнал дека ќе го напушти клубот ова лето, затоа што нагласи дека му се поважни тимските трофеи од личните признанија.

Кејн не сака да биде легендарен фудбалер без ниту една титула. Тој е прогласен за играч на годината во Премиер лигата, но потоа кажа дека е изморен од индивидуалните признанија, а нема тимски трофеј.

И оваа награда е добра, но сакам да освојувам тимски трофеи. А ние како тим не го правиме тоа. Емоциите ми се измешани. Повеќе би сакал да освојам трофеј со тимот отколку оваа награда. Ако ја завршам кариерата како најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата или репрезентацијата на Англија, тоа би било неверојатно, но чувството не би било толку добро ако со тоа нема и трофеи“, рече Кејн.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk