logo
logo
logo

Кејн прави трансфер во Барселона за 60 милиони евра?!

Vecer | 23.09.2025

Кејн прави трансфер во Барселона за 60 милиони евра?!

ФОТО: FC Bayern Munich/FB

Звучи чудно, па и лудо,но сепак има нешто во “приказните“ дека Хари Кејн во летниот преоден рок си оди од Баерн Минхен. Неговиот сон е дресот на Барселона, а еве на кој начин ќе може да дојде до него.

Иако капитенот на Англија е во години, според она што го покажува во Баерн Минхен јасно е дека Кејн може да игра во супер форма барем уште три сезони.

Неговиот договор со “баварците“ е до јуни 2027, ама имало тајна клаузула во која стои дека тој за околу 60 милиони евра може да си оди од Минхен една година порано. Условот е само во јануари да им соопшти на раководните лица на Баерн дека сака да си оди, односно да ја активира откупната клаузула.

Се шпекулира дека и Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се интересираат за можноста да го вратат Кејн на Островот, но сепак неговите планови за иднината биле врзани само за Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk