logo
logo
logo

Кејн: Она против Динамо беше очај, срам....

Vecer | 22.03.2021

Кејн: Она против Динамо беше очај, срам....

По неколку дена, откако мина еуфоријата на едната, односно очајот на другата страна, и кога и двата тима одиграа уште по еден натпревар во домашниот шампионат, конечно Хери Кејн го даде своето мислење за она што на Тотенхем му се случи во Загреб. Елиминацијата од Динамо во осминафилето од Лигата на Европа со конечни 3:2.

“Тоа беше една голема срамота. Пристапот ни беше очаен. Не се движевме заедно на теренот, не „влечевме“ сите во ист правец, го загубивме начинот на кој игравме до тој момент и кој не краси. Немаше заедништво. Немаше ништо“ – изјави Кејн по вчерашниот триумф на Тотенхем на гостински терен против Астон Вила. Очигледно дека јавноста во Британија уште некое време ќе се бави со тој шокантен пораз на еден од главните фаворити ширум Европа, и како тоа Тотенхем усшеа да испушти домашна предност од 2:0.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk