logo
logo
logo

Кејн лично ќе бара трансфер кај Даниел Леви, Јунајтед дава 90 милиони фунти

Vecer | 09.05.2021

Кејн лично ќе бара трансфер кај Даниел Леви, Јунајтед дава 90 милиони фунти

Првиот играч на тимот на Тотенхем Хари Кејн ќе упати лично барање до претседателот на клубот Даниел Леви да ги разгледа понудите што пристигнуваат за него ова лето. По вчерашниот пораз од Лидс, стана јасно дека „Спарси“ речиси сигурно нема да можат да се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона.

Според англиските медиуми, ова е еден од клучните фактори за иднината на англискиот репрезентативец да остане во клубот и понатаму. Кејн во последните месеци неколку пати призна дека сака да започне да освојува трофеи, а учеството во најпрестижното клупско натпреварување е многу важно во остварување на тие цели

Според „Сан“, Кејн е свесен дека Леви нема да го пушти да замине, освен ако не се пријави самиот за трансфер. Напаѓачот има 27. години не сака да упати такво формално барање, но се надева дека неговиот личен апел до претседателот ќе ја заврши работата.

Леви го проценува Кејн на енормно висока цена која реално не е можно да се постигне. За него се вели дека поставил цена од 175 милиони фунти за напаѓачот.

Манчестер Јунајтед планира да започне со наддавање со понуда од 90 милиони фунти, иако претседателот на Тотенхем не сака да ја продаде својат најдобар играч на директен конкурент во Англија. Надежта на лондончани е да го убедат Кејн да остане уште една сезона и потоа да му дозволат да си замине.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk