logo
logo
logo

Катастрофа: Леброн собра супер-тим, но виси за плеј-офот! (ВИДЕО)

Vecer | 08.05.2021

Катастрофа: Леброн собра супер-тим, но виси за плеј-офот! (ВИДЕО)

ЛА Лејкерси на чекор од испаѓање од плеј-офот во НБА-лигата. Во различниот формат кој е на тест оваа година, само шест тима одат директно во следната рунда, додека екипите од седмо до десетото место мора да играат турнирир, па две екипи ќе влезат мешу најдобрите.

По поразот од Портланд е многу веројатно дека актуелниот НБА првак ќе мора да игра дополнителни мечеви оваа сезона за да влезе во трката за одбрана на тронот. Повредите кои ги снајдоа Лејкерси сепак си го сторија своето.

Неверојатниот меч синоќа заврши во корист на Портланд кој славеше со 106-101 нанесувајќи му го 30. пораз на дирекниот конкурент за шестото место на табелата во Западот. Токму сега на оваа позиција се најде Портланд, кој има една победа и пораз помалку од Лејкерси.

Во центарот на вниманието беше Лилард, кој одигра неверојатен меч, постигна 38 поени и 7 асистенции, на другата страна не помогна ниту расположениот Ентони Дејвис, запиша 36 поени и 12 скока. Во составот го немаше Леброн Џејмс кој поради повреда е надвор од терените.

До крајот на регуларниот дел Лејкерси имаат пет меча, мора да ги добијат сите дуели доколку сакаат да не се најдат во доигрувањето. Но, според распоредот ги чека тешка задача, играат со Феникс најдобрата екипа од Истокот, Њујорк, Хјустон, Индијана и Њу Орлеанс.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=lxVPrOyKgWE[/embed]

Резултати: Филаделфија – Њу Орлеанс 109:107, Чикаго – Бостон 121:99, Шарлот – Орландо 122:112, Мајами – Минесота 121:112, Милвоки – Хјустон 141:133, Далас – Иливленд 110:90, Јута – Денвер 127:120, Феникс – Њујорк 128:105, Портланд – Л.А. Лејкерс 106:101, Сакраменто – Сан Антонио 104:113.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk