logo
logo
logo

Касемиро со два гола го однесе Манчестер Ј. во осминафинале на ФА Купот (ВИДЕО)

Vecer | 28.01.2023

Касемиро со два гола го однесе Манчестер Ј. во осминафинале на ФА Купот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Ј. славеа со 3:1 против екипата на Ридинг и успеаја да се пласираат во осминафиналето на ФА Купот.

Иако по првите 45 минути резултатот остана почетниот (0:0), во вториот дел во многу кус период „црвените ѓаволи“ ја исполнија целта. Касемиро со два гола во 54’ и 58’ обезбеди предност од 2:0 за домашните, за само десетина минути подоцна откако гостите останаа со играч помалку, Фред да погоди за убедливи 3:0.

Упорните гости успеаја да постигнат макар почесен гол во 72’ преку Мбенке и да заминат од „Олд Трафорд“ со поподнослив пораз.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk