logo
logo
logo

Касано повторно „оштар“ на јазик, Роналдо и Јувентус се две различни нешта

Vecer | 13.03.2021

Касано повторно „оштар“ на јазик, Роналдо и Јувентус се две различни нешта

Антониот Касано и како играч своевремено, а еве сега и како стручен коментатор бил е и ќе биде директен, суров, и брутално искрен во изјавите.

И тој како и сите во Италија во моментов се бават со елиминацијата на Јувентус од Лигата на Шампионите од Порто.

„Интересно ми е да гледам како луѓето имаат сомнеж во Кристијано Роналдо. Човек кој има освоено пет златни топки и пет трофеји во Лигата на Шампионите. Постигнал најмногу голови во ова натпреварување“ – вели Касано па поентира.

„Роналдо и Јувентус се две различни нешта. Роналдо е кралот на Лигата на Шампионите, а сосема спротивното од тоа е Јувентус. Овој клуб тоа го докажува веќе 26. години. Мислам дека Јувентус нема статус на голем европски клуб, од типот на Баерн Минхен, Ливерпул дури ни Милан“ – вели Касано.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk