logo
logo
logo

КАРТИТЕ во продажба, со еден негативен тест може до крај да навивате за Македонија

Vecer | 17.05.2021

КАРТИТЕ во продажба, со еден негативен тест може до крај да навивате за Македонија

Од денес и официјално започна продажбата на билетите за натпреварите на Македонија на претстојното Европско првенство, кое ова лето ќе се одржи ширум Европа.

Од УЕФА информираат од 17 мај, па сè до 26 мај, до 14:00 часот, секој македонски фан кој сака да ги следи настапите на селекцијата ќе може да аплицира за билет.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе обезбеди пристапни кодови за навивачите на веб-сајтот за влезници во УЕФА, кои претходно контактирале со федерацијата за продажба на билети. Билетите ќе се продаваат по принципот прв дојден, прв услужен.

Македонските државјани кои ќе ги следат натпреварите на нашата репрезентација во Букурешт ќе можат да влегуваат во Романија со негативен ПЦР тест кој ќе биде валиден за време на целиот престој во Букурешт.

Она што беше од суштинско значење за нас – правилото од три дена, согласно кое при престој во Романија, македонските државјани требаше да ја напуштат земјата пред истекот на 72 часа, е поништено и веќе не е валидно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk