logo
logo
logo

Кардинални голмански грешки: Захов, Јанков, Талески и Јовановски ептен се “ПОКАЖАА“ (ВИДЕО)

Vecer | 28.04.2021

Кардинални голмански грешки: Захов, Јанков, Талески и Јовановски ептен се “ПОКАЖАА“ (ВИДЕО)

Коло на големи, кардинални голмански грешки. Попладнево Костадин Захов (Шкендија), Ристе Јанков (Работнички), Давор Талески (Пелистер) и Марко Јовановски (А. Пандев) ептен се “ПОКАЖАА“.

Какви киксови, какви несмасни интервенции, а важат за исклучително квалитетни голмани.

Прво почна Костадин Захов кога прими пацерски гол откако топката го прескокна на мечот со Работнички. На истиот меч на другата страна, Јанков место да си ја прибере топката во своите раце таа му побегна директно на ногата на Хебај за водство на Шкендија од 2:1. Талески пак во Ѓорче, по шутот на Робсон речиси сам си ја втера во мрежата.

А што да каже Марко Јовановски во Струмица? Како ли овој искусен голман си дозволи да биде така лобуван од страна на Селмани, и со тоа “пандевци“ да загубат два големи бода.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk