Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер го обвини Салах дека е „себичен“ и затоа се уште не добил понуда за нов договор од Ливерпул. Египќанецот по мечот со Саутемптон пред новинарите изјави дека е поблизу до заминување, отколку до останување на „Енфилд“ и следната сезона.
„Во моментов, очигледно има голема разлика во проценката на вредноста на договорот меѓу Салах и неговиот агент од една и Ливерпул од друга страна. Без разлика дали тоа е финансиски или во однос на должината на договорот, очигледно има големи разлики. Тоа е причината зошто Ливерпул сè уште не му понудил договор. Ако му понуди Мо Салах ќе го одбие. Така што тие сè уште се во разговори, можеби… Морам да кажам дека многу сум разочаран од Салах“, вели Карагер.