logo
logo
logo

Капитенот на У19 репрезентацијата на Луксембург е меѓу преживеаните од трагедијата во Кран Монтана

Vecer | 03.01.2026

Капитенот на У19 репрезентацијата на Луксембург е меѓу преживеаните од трагедијата во Кран Монтана

Играчот на италијанската Пескара, која во моментов е дел од Серија Б, Елиот Телен е еден од преживеаните во трагедијата која што се случи во зимскиот ски центар Кран Монтана. Во истиот загинаа преку четириесет луѓе, стотина се повредени или се водат како исчезнати во големиот пожар кој што зафати еден ноќен клуб.

Капитенот на У19 репрезентацијата на Луксембург имал голема среќа и поминал само со мали повреди. Оваа информација ја пренесе за медиумите неговиот татко, а тој секако сеуште не е достапен за изјави.

Многу шпекулации излегоа во јавноста околу жртвите, па дури и една во која италијанскиот голфер Емануел Галепини беше прогласен за мртов, за да неговото семејство потоа демантира и потврди дека сеуште тој се води за исчезнат.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk