logo
logo
logo

Камавинга сака во Реал, ама „кралевите“ немаат пари за да го купат ова лето

Vecer | 16.02.2021

Камавинга сака во Реал, ама „кралевите“ немаат пари за да го купат ова лето

Играчот за врска на француски Рен, Едуардо Камавинга, не крие дека сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид. Сепак, „кралевите“ нема да можат да потпишат со 18-годишната ѕвезда на Рен, затоа што финансиската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот не остави простор за спектакуларни трансфери дури и во Реал (М).

Францускиот играч за врска е подготвен да биде трпелив и најпрво да го продолжи договорот со Рен, па во иднина да се пресели во Реал. „Кралскиот клуб“ претрпе сериозни загуби, па следното лето ќе го намали фондот за трансфери, концентрирајќи се на само една скапа аквизиција, а во моментов прв приоритет е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Алтернатива за него е Ерлинг Холанд од Борусија Дортмунд.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk