logo
logo
logo

Каманвинга побара трансфер во ПСЖ, не сака во Реал и Арсенал

Vecer | 26.05.2021

Каманвинга побара трансфер во ПСЖ, не сака во Реал и Арсенал

Еден од најталентираните фудбалери во европскиот фудбал Едуардо Каманвинга најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен, пренесуваат француските медиуми. 18-годишниот фудбалер на Рен одбил да го продолжи договорот со образложение дека сака да ја продолжи кариерата во парискиот гигант и да игра со големите ѕвезди.

За овој играч интерес пројави и Реал Мадрид, а и Арсенал, меѓутоа во моментов „кралевите“ и „топчиите“ се далеку од негов ангажман, токму поради желбата на младиот фудбалер да заигра за клубот од Париз. Неговиот договор со Рен истекува на 30 јуни 2022 година, што значи дека клубот ќе мора да го продаде што е можно побргу за да заработи нешто. Од тука нема шанси Рен да „извлече“ 100 милиони евра колку што бара.

ПСЖ може да се договори и да си почека на младиот играч да му истече договорот па да го земе за без пари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk