logo
logo
logo

Калин Ивановски НЕ СТИГНА ДО ПОЛУФИНАЛЕ на Вимблдон (ВИДЕО)

Vecer | 07.07.2022

Калин Ивановски НЕ СТИГНА ДО ПОЛУФИНАЛЕ на Вимблдон (ВИДЕО)

македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби со 2:1 во сетови 6:3, 6:7 (5) и 4:6 од Педро Роденас од Шпанија за два часа игра во четвртфиналето на јуниорскиот „Вимблдон“.

Ова е досега негов најдобар пласман на јуниорските грен слем турнири.

Во првиот сет Ивановски поведе со 4:0, противникот единствено се закани со брејк 4:1, потоа на свој сервис намали за 4:2, но нашиот тенисер рутински одработи до крајот и го освои сетот за 1:0.

Потоа вториот сет донесе големи возбудувања во кој Македонецот можеше да го заврши мечот во своја корист. Роденас фуриозно отвори стекнувајќи висока предност од 5:1 и кога сите помислија дека се ближи израмнување, Ивановски со сите сили успеа да се врати.

Врза четири гема по ред за 5:5, сетот се решаваше во тај-брејк во кој Ивановски водеше со 3:0 и со 5:2 и беше блиску до полуфиналето, но ја пропушти ваквата убава позитива, ривалот направи пресврт за 7:5 и за 1:1 во сетови.

https://youtu.be/45iTXLYpNAY

Нашиот тенисер започна со предност од 1:0 во третиот сет, па следуваше низа од три гема за Шпанецот. Се врати Ивановски за нов егал на 3:3. Наместо на свој сервис да ја врати позитивата, се случи брејк на Роденас кој го одржа до крајот и славеше со 1:2 во сетови.

За пласман во големото финале Шпанецот ќе игра против Хрватот Мили Пољичак кој со 2:1 (1:6, 6:3 и 6:2) го елиминираше Швајцарецот Килиан Фелдбош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk