logo
logo
logo

Какво непочитување кон ривалот: Сите зборуваат за потегот на Килијан Мбапе по натпреварот (ВИДЕО)

Vecer | 12.01.2026

Какво непочитување кон ривалот: Сите зборуваат за потегот на Килијан Мбапе по натпреварот (ВИДЕО)

Финалето на Шпанскиот Суперкуп се играше во Џеда, а Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 и ја отвори 2026 година на најдобар начин.

Реал двапати возврати против Барселона, но со гол на Рафиња, Барселона дојде до победата и ја продолжи својата доминација во пресметките со својот голем ривал.

Одличен натпревар од перспектива на неутрална публика, а впечатокот е дека Барселона заслужи да слави со прикажаното, иако Реал имаше и две одлични шанси на крајот и лесно можеше да биде пенал.

По натпреварот, Реал одби да им оддаде почит на играчите на Барселона. Иако ова е нешто што фудбалерите традиционално го прават за победничките тимови, Кралевите одбија.

Шпалирот е непишано, но длабоко вкоренето правило во фудбалот – тим кој не освоил трофеј или титула стои на заштитната ограда и им аплаудира на шампионите како знак на спортска почит. Барселона претходно го почитуваше Реал Мадрид на овој начин. Поради ова, потегот на играчот на Реал се смета за неспортски и непочитувачки кон ривалот.

Според новинарот Алфредо Мартинез, Килијан Мбапе всушност одиграл клучна улога во ова. Французинот бил виден како ги води своите играчи подалеку од просторот каде што требало да се оддаде почит на ривалот.

Сепак, Флорентино Перез бил принуден да го поздрави тимот на Барса и да им честита на сите играчи за победата, но Мбапе и играчите одбиле да им честитаат на своите ривали.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk