logo
logo
logo

Каква вечер за Лазаров: Нант го урна Келце за место во 1/4 финалето

Vecer | 07.04.2021

Каква вечер за Лазаров: Нант го урна Келце за место во 1/4 финалето

Нант на гостувањето кај Келце во реванш мечот од осминафиналето во ЛШ славеше со 31-34 за место во четвртфиналето каде најверојатно ќе игра со Веспрем.

Кирил Лазаров беше еден од клучните играчи за ваквото сценариот заедно со голманот Нилсен, Ривера и Мине. Не само што постигна четири гола, туку и запиша пет асистенции, искусно ја навлекуваше на себе одбраната на Келце. Нилсен на крајот имаше 18 одбрани, Ривера постигна девет гола, Мине запиша осум.

Исто како на првата средба, Нант влезе силно во мечот, одржуваше водство од три гола, а на двапати не искористи шанса да поведе и со плус четири.

По последните 8-11, Келце со серија од 3-0 израмни на 11-11 во 25 минута. Сепак на одморот, Нант обезбеди позитива од од два гола (13-15) и тоа благодарение на Нилсен, кој имаше 12 одбрани.

По само четири минути игра, Нант одново поведе со три гола разлика (16-19). Ниту ова не беше доволна заказан за Келце, израмни на 21-21 и целосно се врати во мечот. Избраниците на Талант Душебаев во 44. минута за првпат поведоа на средбата, Карачиќ донесе 23-22.

Искуството на Лазаров и на оваа средба се покажа како непроценливо за Нант, со двата погодоци на нашиот капитен и еден на Мине, Нант поведе со 25-27. Драмата продолжи, Лазаров не само што погодуваше, туку и одлично го разигруваше својот тим.

На две и пол минути до крајот, Келце израмни на 30-30. Францускиот тим и покрај ова успеа да дојде до триумф од 31-34, беше стабилен во клучните моменти и сосема заслужено се најде во четвртфиналето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk