logo
logo
logo

Каков хаос: Дурент двапати изваден од теренот поради ковид-протоколи (ВИДЕО)

Vecer | 06.02.2021

Каков хаос: Дурент двапати изваден од теренот поради ковид-протоколи (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата Кевин Дурент не можеше да го почне дуелот против Торонто поради Ковид-протоколите во НБА-лигата. Но, потоа доби дозвола за да влезе во игра, но во третата четвртина одново беше изваден од теренот.

Иако Дурент пред мечот добил три негативни тестови на Ковид-19, еден од нив бил и ПЦР-тест, сепак поради контакт со позитивно лице пред оваа средба беше одново изваден од теренот во третата четвртина. Претходно тој беше тргнат од клупата пред стартот на мечот, а потоа беше вратен назад.

Причината поради во која третата четвртина мораше да го напушти теренот е позитивниот тест на лицето со кое бил во контакт. Дурент самиот не можеше да поверува на она што му се случуваше за време на натпреварот со Торонто, кој на крајот славеше со 123-117.

На крајот мечот го заврши со осум поени со што ја заврши серијата од најмалку 20 поени во последните 17 поени. За првпат по 866 меча не се најде во стартната постава.

На останатите средби Бостон го совлада ЛА Клиперс со 115-119, Индијана беше поразена од Њу Олреанс со 114-113, Орландо беше подобар од Чикаго со 123-119, Кливленд немаше решение за Минесота (105-123), Шарлот беше совладан убедливо од Јута со 121-138, ова беше меч во кој „џезерите“ го урнаа рекордот по постигнати тројки, реализираа 26.

Мајами го совлада Вашингтон со 122-95, Оклахома – Мајами (103-106) и Феникс – Детроит (109-92).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk