logo
logo
logo

Кадетките и младинките ги добија противниците во ЕХФ шампионатите ова лето

Vecer | 10.02.2021

Кадетките и младинките ги добија противниците во ЕХФ шампионатите ова лето

Кадетската и младинската ракометна репрезентација на Македонија во женска конкуренција, денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена ги дознаа противниците за Европските првенства и ЕХФ шампионатите кои ќе се одржат на лето.

Младинската женска репрезентација до 19 години ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот и ја избра групата во која ќе игра. Македонија се најд ево друштво на репрезентациите на Холандија, Фарските острови, Косово и БиХ.

По натпреварите во групната фаза, првите две селекции ќе играат полуфинале, а освојувачот на ЕХФ шампионатот обезбедува место на Светското првенство 2022 година. ЕХФ Шампионат (У19) во Македонија ќе се одржи од 8 до 15 јули.

Кадетската женска репрезентација (У17) ќе настапува на ЕХФ шампионат во Литванија, во градот Клаипеда. Во групата со Македонија се и Шпанија, Литванија, Финска, Косово и Велика Британија. ЕХФ Шампионат (У17) во  Литванија е закажан од 7 до 15 август.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk