Јувентус утрово објави соопштение за заминувањето на Кристијано Роналдо.
Со наслов „Јувентус се збогува со Кристијано Роналдо“, во писмото меѓу другото се вели:
„На 10 јули 2018 година, две икони на европскиот и светскиот фудбал се споија – Кристијано Роналдо стана играч на Јувентус. Денес, по три години минати заедно и 133 настапи, 101 постигнат гол и пет освоени трофеи, тоа поглавје заврши. Патеките на ЦР7 и Јувентус тргнаа по својот пат. Тој ден во јули, кога Кристијано пристигна во Торино, електрицитетот на тие одлични денови можеше да се почувствува низ воздухот. Навивачите на Јувентус го пречекаа ЦР7 како крал, желни да го видат на теренот и да навиваат со него. Тоа беше одлична приказна. Јувентус објавува дека е постигнат договор со Манчестер Јунајтед за конечно располагање со правата за регистрација на играчот за сума од 15 милиони евра што треба да се платат за пет финансиски години, а истата може да се зголеми за максимум 8 милиони евра во вид на бонуси“, напишаа од Јувентус.
La Juventus saluta @cristiano.
— JuventusFC (@juventusfc) August 31, 2021
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата