Италијанскиот Јувентус се пофали со две засилувања во еден ден. Се работи за голманот Микеле Ди Грегорио кој доаѓа од Монца за која играше во изминатите четири сезони. Тој доаѓа како позајмен на една сезона со обрзувачки откуп на договорот за 18 милиони евра плус бонуси. Поточно Јуве ќе плати 4,5 милиони евра за позајмицата со дополнителни 13,5 милиони за откуп на три рати и уште 2 милион во бонуси.
А засилување за Јувентус е Алиша Леман, преубавата швајцарска репрезентативка која ќе го засили женскиот тим. Таа доаѓа од Астон Вила каде што играше од 2021 година, а претходно беше во Вест Хем.
Инаку таа е напаѓач, има 53 настапи за Швајцарија и девет гола.
oh my goodness #AlishaLehmann 👀 #AstonVilla 💣⚽️😄 pic.twitter.com/WHk2YzmHoP
— NorthChile (@Maynard29Jim) June 25, 2023