logo
logo
logo

Јувентус не може да најде тренер: Зидан не сака, Алегри сака ама под посебни услови

Vecer | 12.05.2021

Јувентус не може да најде тренер: Зидан не сака, Алегри сака ама под посебни услови

Јувентус и натаму е во потрага по тренер за следната сезона. Тимот од Торино има потешкотии на ова прашање, иако знае добро што сака. Но она што го сака, веројатно, нема да го добие.

Прв пик бил Зинедин Зидан, но актуелниот тренер на Реал Мадрид не сакал да го напушти тимот на „кралевите“ поради добрите релации со претседателот Флорентино Перез. Масимилијано Алегри исто така беше сериозен кандидат, меѓутоа тој барал некои услови, меѓу кои биле и продажба на Кристијано Роналдо, а тоа Јувентус не го сака.

Сега меѓу сериозните кандидати се Синиша Михајловиќ, Џенаро Гатузо и Симоне Инзаги.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk