logo
logo
logo

Јуве на тим билдинг во ресторанот на Бонучи

Vecer | 03.04.2025

Јуве на тим билдинг во ресторанот на Бонучи

Тимот на Јувентус од викендот има нов тренер во името на Игор Тудор. Хрватот е староседелец во Торино, играше за Јуве во доцните деведесетти, а сега има сосема нова улога. Да го врати победничкиот сјај на тимот кој некогаш беше главен во Европа.

Атмосферата во Јувентус е разнишана. Тоа се гледа и однадвор, а една од првите работи кои Тудор ги направи откако е тренер, е да го одведе тимот на „тим билдинг“. И тоа не било каде туку на вечера во ресторанот на легендата на клубот Леонардо Бонучи.

Јуве следниот викенд игра дуел против Рома, екипа која што пролетва игра како препородена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk