logo
logo
logo

Јуве и Барса спремаат нова трампа: Дибала за Гризман!

Vecer | 13.03.2021

Јуве и Барса спремаат нова трампа: Дибала за Гризман!

Според “Кориере дело Спорт“, Јувентус и Барселона сперемаат нова трампа на играчи, која ќе одекне повеќе од онаа летната кога Пјаниќ се пресели во Барселона а Артур во Јувентус.

Како што наведува еден од највлијателните спортски медиуми во Италија, во прашање се Пауло Дибала и Антоан Гризман. Првиот би одел на релација Торино – Барселона, а вториот пак во обратна насока.

И двајцата во последно време не ги задоволуваат високите критериуми во своите актуелни клубови. Уште повеќе, Христо Стоичков за Гризман вели дека кога тој е во игра, Барселона како да има играч помалку.

Во случај ова да се оствари, ако Дибала и Роналдо си заминат од Јуве, тогаш Гризман заедно со Мората би имал гоелма шанса да покаже што знае во нападот на “бјанко – нерите“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk