logo
logo
logo

Јуве го пушта Роналдо за 25 милиони евра

Vecer | 23.03.2021

Јуве го пушта Роналдо за 25 милиони евра

Според она што го пренесуваат португалските, но и шпанските и италијанските медиуми, Кристијано Роналдо е се поблиску до заминување од тимот на Јувентус.

Клубот од Торино едноставно не може да си дозволи така скап играч во своите редови, а и она што се случува во моментов на резултатски план во Јуве, не му оди во прилот на португалецот.

Па така, се поверојатно е дека Јувенус и Роналдо ќе се разделат летово, а важечкиот договор, би требало да биде раскинат за сума од 25 милиони евра.

Една и единствена опциј засега се спомнува како доста веројатна, а истата ја форсираат шпанските медиуми, дека Роналдо е на пат да се врати во Реал Мадрид.

Втората е онаа секако од САД каде што проектот на Дејвид Бекам, Интер Мајами и тоа како е заинтересиран да ја доведе најголемата светска фудбалска звезда во своите редови.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk