logo
logo
logo

Јовиќ: Добро е да знам дека сум и натаму играч на Реал

Vecer | 09.03.2021

Јовиќ: Добро е да знам дека сум и натаму играч на Реал

Лука Јовиќ во моментов е надвор од форма, иако отиде да собира поголема минутажа враќајќи се во Ајнтрахт Франкфурт на позајмица до крајот на сезоната.

Тој на првиот меч со Шалке постигна два гола, и од тогаш се нема запишано во листата на стрелците.

Јовиќ неодамна призна дека не е во форма, но дека времето работи за него.

„Не е ова одлучувачки за мојата кариера. Имам само 23 години, и играм во една од најдобрите првенства во Светот, во одличен тим. Важно е да знам дека и натаму сум играч на Реал Мадрид. Во моментов најважно ми е да се вратам во топ форма“, вели Јовиќ.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk