logo
logo
logo

Јокиќ до 33. дабл-дабл, Лејкерси им се вратија на победите (ВИДЕО)

Vecer | 13.03.2021

Јокиќ до 33. дабл-дабл, Лејкерси им се вратија на победите (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер ја запишаа петата победа во низа оваа сезона, откако го преживеаја гостувањето кај Мемфис каде славеа со 103-102. Во центарот вниманието одново беше Никола Јокиќ, кој дојде до нов дабл-дабл во НБА-лигата.

Јокиќ го прокоцка последниот напад, но во последниот обид на гостите да дојдат до победа беше одличен во одбраната. Српскиот репрезентативец средбата ја заврши со 28 поени и 15 скока за 33. данл-дабл оваа сезона, додеда седум асистенции и две украдени топки. Тој се повреди во третата четвртина со болна гримаса, но потоа се врати во игра да му помогне не тимот. На другата страна Кларк и Буркс имаа по 20 поени.

По оваа срдба Денвер е на петото место на табелата во Западната конференција со скор од 22 победи и 15 порази.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=GEhngZaBKXU[/embed]

Лејкерс им се вратија победите по поразот во минатиот меч. Актуелниот бранител на титулата беше подобар од Индијана со 105-100. Кузма со 24 поени и 13 скока беше најдобар, зад него беше Леброн Џејмс со 18 поени и 10 асистенции.

Лејкерси до триумфот дојдоа по пресврт, Индијана на полувремето имаше позитива од 54-46, добро се држеше и во третиот период, по кој Леброн и неговите соиграчи успеаја да го свртат мечот во своја корист.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=a7XOD09VLLs[/embed]

Со 25 победа и 13 порази, Лејкерси се наоѓаат на третото место во Западот зад Феникс и Јута.

Резултати: Мемфис – Денвер 102-103, Њу Орлеанс – Кливленд 116-82, Вашингтон – Филаделфија 101-127, Чикаго – Мајами 90-101, Сан Антонио – Орландо 104-77, Јута – Хјустон 114-90, ЛА Лејкерс – Индијана 105-100.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk