logo
logo
logo

Јанта Волеј поведе во финалната серија против Вардар

Vecer | 15.04.2021

Јанта Волеј поведе во финалната серија против Вардар

Екипата на Јанта Волеј поведе во финалната серија во женската одбојка со 2:1 откако денеска славеше над Вардар во салата „Македонија“ со 3:1 во сетови (22:25, 25:17, 25:20, 25:21), па сега на домашен терен ќе ја бараат титулата во женскиот шампионат.

Вардар благодарение на Агуеро го доби првиот сет со 25:22, но во вториот, потоа и во другите Јанта возврати со пресврт. „Вардарки“ доживеаа пех со тоа што им се повреди Павловска која не можеше да го продолжи мечот.

Следниот меч од финалето ќе се одигра во понеделник.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk