logo
logo
logo

Јамал ќе биде во групата на најплатените играчи во Барса, а откупната клаузула ќе биде милијарда евра!

Vecer | 05.04.2025

Јамал ќе биде во групата на најплатените играчи во Барса, а откупната клаузула ќе биде милијарда евра!

Барселона секако има план што и како со Ламине Јамал, веројатно најпосакуваниот фудбалер во моментов. Па така со цел нешто да не се случи непредвидено договорено е со неговиот менаџер Жорге Мендеш, каква ќе биде иднината на тинејџерот во каталонската гордост.

Во јули, кога Јамал ќе наполни 18 години, тој ќе потпише нов договор со што ќе биде дел од групата на играчи кои земаат најголема плата во клубот, а тоа се Рафиња, Педри и Гави. Договорот ќе трае до 2030 година а откупната клаузула ќе биде милијарда евра, се разбира за секој случај.

Ново е тоа што Роберт Левандовски со новиот договор, ако го потпише, нема веќе да биде најплатениот играч на Барса.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk