logo
logo
logo

Ја тренираше Шкендија, сега ќе ги тренира Адеми и Ристовски во Динамо!?

Vecer | 18.03.2021

Ја тренираше Шкендија, сега ќе ги тренира Адеми и Ристовски во Динамо!?

Како што утринава пренесуваат медиумите во Бугарија и Хрватска, најсериозен кандидат за шеф на струката на Динамо Загреб бил Бруно Акраповиќ, актуелниот тренер на ЦСКА Софија. Бруно е познат во нашата јавност како некогашен тренер на Шкендија, со која го освои Купот на Македонија, а во летото 2016 година првпат ги однесе тетовци во плеј – офот во Лигата на Европа, каде што беа елиминирани од Гент.

Бруно бил во завршни преговори со раководството на Динамо, шансите да биде назначен за шеф на струката биле големи. А тоа значи дека тој ќе ги тренира нашите репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Во дел од својата тренерска кариера, Бруно беше стратег и на екипата на Сплит.

Инаку како еден од кандидатите се споменува и Матјаж Кек, познатиот тренер од Словенија, кој со Ријека стана шампион на Хрватска. Дали Словенецот одново ќе соработува со Ристовски, останува да се види.

До назначување на нов тренер, екипата на Динамо ќе ја води Дамир Крзнар, еден од помошниците на досегашниот тренер Зоран Мамиќ, кој пред неколку денови си даде оставка откако судот во Хрватска и дефинитивно потврди дека браќата Мамиќ ќе мора да одлежат затворска казна.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk