logo
logo
logo

Иван Марковски нов тренер на Металург!

Vecer | 23.03.2021

Иван Марковски нов тренер на Металург!

Иван Марковски, еден од најпознатите поранешни репрезентативци, е назначен на нов тренер на Металург. Меѓудругото, тој беше и поранешен член на тимот од Авткоманда.

Марковски работеше во Работник, а потоа се пресели во Франција во женскиот тим на Авенсоа.

„Иван Марковски од денес се придружува на стручниот штаб како дел од еден долгорочен проект за силен Металург. Веќе од утре седнува на тренерското столче и продолжува да работи со тимот во наредните 2.5 години. Покрај Марковски, стручниот штаб го засилува и Златко Јанакиевски кој ќе се грижи за физичката подготовка на тимот. За наредната сезона на клупата на Марковски ќе се придружат уште 2 познати тренерски имиња. Владимир Глигоров е Ковид позитивен, се надевам на брзо опоравување и враќање на терен. Најважно е да ја добие оваа битка”, изјави претседателот на клубот Зорица Блажевска.

Ова е трет тренер на Металург сезонава по Зоран Кастратовиќ и Оливер Димитриоски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk