logo
logo
logo

Италија гневна на фановите на Интер: Зарем 120.000 мртви не ви се доволно?

Vecer | 03.05.2021

Италија гневна на фановите на Интер: Зарем 120.000 мртви не ви се доволно?

Иинтер по 11 години е шампион на Италија. Па така вчера најмалку 30.000-40.000 фанови на Интер во центарот на Милано  ја прославуваа 19-тата титула во клупската историја. Прослава среде пандемија, што наиде на гнев и големи критики во тамошната јавност.

Речиси цела Италија е гневна на фановите на новиот шампион кои не ги почитуваа мерките за дистанца и носење заштитна опрема, барем не поголемиот дел од нив. Еуфоријата беше преголема, се заборави и на короната, во тие моменти најважен беше Интер и само Интер.

“Можам да ја разберам радоста, веселбата, еуфоријата,  но сепак одговорноста треба да надвладее. Зарем 120.000 мртви не се доволни да не научи што треба да се прави“, истакна Франко Локатели, претседателот на здравствениот одбор кој рече дека по секоја цена треба да се избегнуваат масовни собири.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk