logo
logo
logo

ИСТОРИЈА ВО КАЛЕ: Баскет Кам убедливо преку Бадел до пехарот во Купот на Македонија

Vecer | 08.05.2021

ИСТОРИЈА ВО КАЛЕ: Баскет Кам убедливо преку Бадел до пехарот во Купот на Македонија

Баскет Кам испиша нова клупска историја. По пласманот во финалето, оваа екипа го освои и пехарот во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, откако без проблем го совлада Бадел со убедливи 64-81.

Гобелиќ со 25 поени и 9 скока беше прв стрелец, зад неа беше Митрашиновиќ со 22 поени, 12 скока и 8 асистенции. На другата страна Стојановска имаше 22 поени и 7 скока, додека Трајчевска запиша 21.

Ниезвеност на оваа средба не постоеше, кошаркарките на Баскет Кам поведоа со 0-7, беше 9-23 во осмата минута. По првата четвртина избраничките на Александар Ашаданов имаа предност од 17-27. Текот на мечот не се промени, Бадел немаше одговор за играта на противникот, брзо го положи оружјето, на полувремето имаше негатива од 28-50.

Последните две четвртини беа формалност, на крајот Баскет Кам сосема заслужено се радуваше на првиот пехар во Купот на Македонија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk