logo
logo
logo

Историја: Од денеска Ц. Звезда е светски рекордер!

Vecer | 09.12.2023

Историја: Од денеска Ц. Звезда е светски рекордер!

Од денеска во фудбалот имаме нов светски рекордер. Тоа е Ц. Звезда која го одигра својот 122 меч на свој терен на кој не беше поразена. Со тоа “црвено – белите“ го симнаа од тронот Реал Мадрид кој во далечната 1965 година дојде до 121 меч без пораз на свој терен.

Ц. Звезда денеска на “Маракана“ славеше со 3:1 против Младост Лучани па така со стил успеа да дојде до рекордот.

Да потсетиме, Ц. Звезда нема пораз на свој терен од април 2017 година, што секако дека е импресивно.

Ова важи за мечевите од првенството.

Денеска српскиот шампион испиша историја. Од денеска тој е светски рекордер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk