logo
logo
logo

ИСТОК: Брегалница не знае за доста, го победи и Кит Го…

Vecer | 08.05.2021

ИСТОК: Брегалница не знае за доста, го победи и Кит Го…

 

Едноставно Брегалница покажува зошто е најдобриот тим во оваа конкуенција. И на дуелот со Кит Го, се играше во Штип, како “гостин“ успеа да победи со 2:1 и тоа со пресврт. Пехчевци поведоа со голот на Мичковски во 27 минута, за да потоа “сините“ со головите на Бакрачески и Наумов, уште на стартот од второто полувреме дојдоа до трите бода.

Ова беше дербито на 26.коло во ВМФЛ – ИСТОК.

Во Кавадарци, домашниот Тиквеш со 3:1 славеше над Саса. Во последното коло во сабота, кавадарчани и гостуваат на Брегалница. Победа со голот на Кисоски- Илијоски успеа да освои големи три бода на гостувањето кај Осогово во Кочани. Слога Виница со 2:0 го совлафа Кожуф и тоа со головите на Велиновски и Момировски. И во последниот меч во ова коло, меѓу Росоман и Плачковица, гостите победија со 1:0.

 

РЕЗУЛТАТИ – 26.КОЛО

ТИКВЕШ – САСА 3:1

КИТ ГО – БРЕГАЛНИЦА 1:2

КОЖУФ – СЛОГА (В) 0:2

ОСОГОВО – ПОБЕДА 0:1

РОСОМАН – ПЛАЧКОВИЦА 0:1

 

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 70

2.ТИКВЕШ 61

3.КИТ ГО 42

4.КОЖУФ 35

5.СЛОГА (В) 33

6.САСА 32

7.ОСОГОВО 29

8.ПОБЕДА 26

9.ПЛАЧКОВИЦА 18

10.РОСОМАН 9


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk