logo
logo
logo

ИСТОК-17.КОЛО: Брегалница се намачи со Победа, Тиквеш убедлив, Кит Го слави во Виница...

Vecer | 27.02.2021

ИСТОК-17.КОЛО: Брегалница се намачи со Победа, Тиквеш убедлив, Кит Го слави во Виница...

Брегалница успеа да дојде почекувана победа над Победа со 2:1 во првиот меч во ВМФЛ – исток оваа пролет, но сепак далеку потешко од очекувањата. Прилеплани поведоа со голот на Гроздановски во 23.минута. Следуваше целосна иницијатива на „сините“ која вроди со плод. Прво Мартин Стојанов израмни за да во 75.минута Додев донесе три златни бода.

Тиквеш убедливо во стартуваше пролетниот дел, и тоа со 3:0 против Росоман на свој терен во Кавадарци. Прво Љамчевски донесе водство за да Спахиу стрелаше двапати во противничката мрежа.

Одлично издание на Кит Го во Виница, победа од 2:0 против Слога и тоа со головите на Христов и Андонов.

Осогово и Саса во Кочани одиграа 1:1, а во Гевгелија домашниот Кожув ремизираше без голови против Плачковица.

РЕЗУЛТАТИ

СЛОГА (В) – КИТ ГО 0:2

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2:1

ТИКВЕШ – РОСОМАН 3:0

ОСОГОВО – САСА 1:1

КОЖУФ – ПЛАЧКОВИЦА 0:0

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 45

2.ТИКВЕШ 38

3.КИТ ГО 25

4.КОЖУФ 23

5.САСА 21

6. СЛОГА (В) 20

7.ОСОГОВО 20

8.ПОБЕДА 14

9.ПЛАЧКОВИЦА 11

10.РОСОМАН 8


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk