logo
logo
logo

Истанбул “ГОРИ“: Сане го “откачи“ Баерн и доаѓа во Галата за 10 милиони евра годишно!

Vecer | 11.06.2025

Истанбул “ГОРИ“: Сане го “откачи“ Баерн и доаѓа во Галата за 10 милиони евра годишно!

Уф, каква ли само “бомба“ тоа ќе биде. Како што пренесуваат медиумите во Германија и Турција, Лирој Сане е на чекор до трансфер во Галатасарај. Истанбул “ГОРИ“, и сите се прашуваат каков ли тоа тандем ќе бидат со Мауро Икарди.

Најинтересно е тоа што германскиот репрезентативец во Истанбул доаѓа поради поголема плата од таа што Баерн Минхен му ја понудил.

Имено германскиот гигант сака да го продолжи договорот со Сане, но за 7.5 милиони евра нето.

А турскиот гигант му понудил нето 10 милиони евра годишна плата, што секако дека не е мала таа разлика.

Ете, каде оди светот. Турски клуб да му понуди на Сане поголема плата од германски.

ФОТО: ФЦ Баерн Минхен/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk