logo
logo
logo

„Испив осум пива, јазикот ми се „плетка“, кажа Карагер пред интервјуто со Санчо (ВИДЕО)

Vecer | 02.05.2024

„Испив осум пива, јазикот ми се „плетка“, кажа Карагер пред интервјуто со Санчо (ВИДЕО)

Можеби најпопуларниот тим за коментари во студиото го изгради CBS Sports за натпреварите од Лигата на шампионите, составен од Џејми Карагер, Тиери Анри и Мика Ричардс. Сепак Карагер оваа среда не беше во студиото, каде што беше заменет со Алесандро Дел Пјиеро, но доби посебна задача.

Легендата на Ливерпул отпатува во Дортмунд на натпреварот помеѓу Борусија и Пари Сен Жермен и се чинеше дека одлично се забавуваше. Карагер цел ден беше со навивачите на Борусија, а за време на мечот беше во „жолтиот ѕид“. Атмосферата го понесе, па испил значително количество алкохол и во таква состојба се појави во живо.

„Дали си доволно трезен за да го направиш интервјуто? водителката го праша Карагер пред интервјуто со фудбалерот на Борусија Џејдон Санчо во микс зоната.

„Добро прашање затоа што не јадев премногу. Имав чизбургер околу два и пол кога стигнав во хотелот. Тоа може да објасни зошто јазикот ми е збркан. Имав околу осум пива во „жолтиот ѕид“, јас имам ново семејство и пријатели“, одговори тој.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk