logo
logo
logo

Инзаги едвај се прибра: Никогаш не сум видел таков играч, тројца луѓе мораа да го чуваат

Vecer | 01.05.2025

Инзаги едвај се прибра: Никогаш не сум видел таков играч, тројца луѓе мораа да го чуваат

Барселона и Интер одиграа одлично прво полуфинале од Лигата на шампионите, „паднаа“ шест гола, а мечот заврши 3-3.

По натпреварот се зборува само за еден фудбалер.Веќе не може ни да се каже дека е родена нова ѕвезда, бидејќи она што Ламин Јамал го покажа пред една година е од друга планета.

Јамал стана европски шампион со Шпанија ова лето, а сега ја има истата цел и со Барселона, а преостануваат уште две пречки.

Со 17 години и 291 ден, Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на полуфиналето на Лигата на шампионите, откако постигна гол за „нероаѕурите“ во првото полувреме. Дефинитивно беше настап достоен за играч кој ја заслужува Златната топка, а доколку Барселона се искачи на тронот на 31 мај, тогаш Јамал ќе биде фаворит за престижната награда.

Каквиот натпревар всушност одигра Јамал против Интер најдобро го искажуваат зборовите на италијанскиот тренер Симоне Инзаги, кој имаше само пофални зборови за ѕвездата на Барселона.

„Не сум видел таков играч во последните осум или девет години. Моравме да испратиме тројца да го чуваат, а потоа имаше место и за други.

Тој е играч кој се раѓа на секои 50 години. Никогаш порано не сум го видел во живо и ме воодушеви вечерва“, додаде трофејниот тренер на прес-конференцијата по натпреварот.

Иако сè уште не е полнолетен, Јамал веќе го одигра својот 100-ти настап за Барселона против Интер, што звучи неверојатно.

„Секогаш се обидувам да дадам сè за тимот. Давам максимум. Помина добро. Сакав повеќе, сакав да победиме, а во реваншот ќе дадеме сè и мислам дека ќе продолжиме понатаму“, рече тој по натпреварот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk