logo
logo
logo

Интер сонува за Меси и се надева на УЕФА!

Vecer | 25.03.2023

Интер сонува за Меси и се надева на УЕФА!

Лионел Меси речиси сигурно нема да го продолжи договорот со ПСЖ, но засега не е познато дали сака да остане во Европа, каде голем број клубови ја пратат целата ситуација.

Впечатокот е дека Барса има предност, бидејќи има посебно место во серцето на Аргентинецот, но неговиот кам-бек не е едноставен и ќе биде потребно да се исплонат многу фактори.

За почеток, Жоан Лапорта мора да го направи првиот чекор, лично да му се извини на Меси за разделбата пред две години. А потоа ќе треба да го намали буџетот да ги намали платите на дел од играчите за да направи простор во финансискиот дел за еден од најдобрите играчи во светот.

Но, дури ова не е гаранција дека Барса ќе успее да го врати волшебникот, стравува за случајот „Негреира“. Добро е познато дека каталонскиот гигант е под истрага и во Шпанија, но сега се вклучи и УЕФА која по секоја цена сака да најде доказ за да го казни овој клуб поради создавањето на идејата за Супер лигата.

Поради сето ова, Интер ја прати ситуацијата, а клучот го има Хавиер Занети. Не е тајна дека тој со Меси е во одлични односи и таа аргентинска врска сака да ја искоритат во Интер.

На „Меаца“ се свесни дека Барса е прва трката, но се наоѓа во тешка ситуација.

Сигурни извори во Аргентина објавија дека Интер ќе подготви понуда доколку пропадне неговиот кам-бек во редовите на каталонскиот гигант.

Интер не може финансиски да му парира на ПСЖ, но има други канали преку кои се надева дека ќе успее да го придобие.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk