logo
logo
logo

Интер без Чалханоглу и Турам во финалето од Купот против Лацио

Vecer | 11.05.2026

Интер без Чалханоглу и Турам во финалето од Купот против Лацио

Сега веќе актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер в среда ќе има можност да ја освои двојната круна во ова првенство, затоа што во финалето на Купот на Италија се среќава со тимот на Лацио.

Лацио на дуелот кој што започнува од 21:00 часот ќе има голема предност затоа што истиот се игра на неговиот стадион Олимпико, а од друга страна ќе има и поволна ситуација што се однесува до составот на противникот.

Послендите информации од Милано велат дека Интер во Рим патува дефинитивно без Чалханоглу во составот но веројатно и без Маркус Турам кој што се повреди на еден од тренинзите.

Само пак за информација, Интер на истиот стадион го победи изминатиот викенд токму Лацио со 0:3.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk