„Нероаѕурите“ ја обединија двојната круна оваа сезона, откако ја совладаа екипата на Лацио со 0:2 во финалето од италијанскиот куп. Со овој триумф Интер ја обезбеди десеттата куп титула во својата историја. Интер е на второто место на листата на најуспешни клубови во италијанскиот куп, зад Јувентус кој што има рекордни 15 титули.
Интер поведе во 14-тата минута со автоголот на Адам Марушиќ, а во 35-тата минута Лаутаро Мартинез го постигна и вториот гол за својот тим и ја запечати победата. До крајот на натпреварот Лацио се обидуваше да стигне до гол, но „нероаѕурите“ одлично се бранеа и успеаја да одржат чиста мрежа.