logo
logo
logo

Инфантино: Русија наскоро ќе се врати во меѓународнтие фудбалски натпреварувања

Vecer | 03.04.2025

Инфантино: Русија наскоро ќе се врати во меѓународнтие фудбалски натпреварувања

Првиот човек на светскиот фудбал, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино најави дека наскоро репрезентацијата на Русија, поточно сите нејзини категории, како и клубовите од руската Премиер лига ќе можат повторно да се натпреваруваат на меѓународна сцена. Како што напредуваат преговорите за конечен мир, односно завршувањето на војната во Украина, така и се наближува датумот кога на Русија повторно ќе и биде овозможено да се врати на меѓународма фудбалска сцена.

„Како што се водат разговорите за мир во Украина, се надевам дека наскоро ќе може да се прејде на следната страница. А тоа е враќање на Русија во меѓународните натпреварувања. Кога тоа ќе се случи автоматски значи дека се е готово. Тоа е она за што сите мораме да се потрудиме, да навиваме и да се молиме. Затоа што тоа е есенцијата на фудбалот. Не се работи за поделба туку за соединување на момчиња, девојчиња и се останато“ – изјави Инфантино на 49. конгрес на УЕФА во Белград, кој што се одржува во моментов.

Оваа негова изјава доби на голема поддршка пак од првиот човек на УЕФА, Александр Чеферин кој пак јавно кажа дека се противи на иницијативата на ФИФА, Мундијалот да стане турнир со 64. репрезентации учеснички. Предлогот е опција за Мундијалот во 2030 година.

 

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk