На самиот старт на церемонијата на извлекувањето на групите за првото издание на ФИФА Светското клупско првенство кое ќе се одржои следната година, денеска во Мајами беше и официјално претставен трофејот кој ќе биде наменет за најдобриот клуб во светот.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и легендата на светскиот и бразилскиот фудбал, Роналдо, имаа чест да го претстават пред јавноста трофејот за најдобриот во ова ново клупско натпреварување, кое во своето прво издание ќе брои 32 учесници.