logo
logo
logo

Игуаин: По фудбалот ќе бидам готвач или ќе произведувам вино

Vecer | 15.04.2021

Игуаин: По фудбалот ќе бидам готвач или ќе произведувам вино

Искусниот Гонзало Игуаин игра за Интер од Мајами, а вели дека отишол во Соединетите Американски Држави затоа што му здосадило да игра во Европа.

И понатаму сакам да играм и дојдов во Мајами да победувам, но сфатив дека фудбалот и јас одиме во различни правци. Овде се е поинаку, а фудбалот кој го напуштив едноставно не е повеќе за мене“, раскажува 33-годишниот напаѓач на аргентинскиот „Ла Насион“.

Цената на играње на високо ниво е скапа. Се работи за притисок, одговорност, чести патувања, преселби и многу други работи кои ме дестабилизираа. Овде во Мајами ми е подобро. Излегов од тој круг на постојан притисок и очекувањата кои ги создаваат медиумите и навивачите. Овде, во Мајами живеам како нормална личност, луѓето не ме застануваат на улица, стојам во ред како и сите други… Велат луѓето се среќни ако имаат пари. Не е точно! Живеев во Мадрид, Неапол, Торино, Лондон, Милано, одев по бројни забави и родендени со разни луѓе, а фамилијата и вистинските пријатели ретко ги гледав. Луѓето кои беа околу мене постојано осудуваа некого: бил дебел, бил ќелав, слаб… По раѓањето на мојата ќерка се променив. Сфатив дека има поважни работи во животот од тоа што некој зборува за тебе.
Знам дека нема да останам во фудбалот. Сакам да се посветам на готвењето и производство на вино. Тоа ме привлекува, фудбалот – НЕ!“, вели Игуаин.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk