Вчера во рамките на 1/16 финалето во Копа дел Реј, Реал Мадрид како гостин славеше со 0:5 кај Депортиво Минера и со тоа оствари пласман во следната фаза во ова натпреварување.
Јасно е дека за сите во овој клуб, кој се натпреварува во 4.лига во Шпанија, гостувањето на најголемиот клуб во светот беше празник.
За медиумите во Шпанија дел од играчиите и раководството на Минера во суперлативи говореа за тоа како се однесуваа ѕвездите на Реал Мадрид, а посебно Килијан Мбапе.
„Килијан е голем господин. Се што имаше од неговите дресови, од целата негова опрема ни ја подари и во соблекувалната на гостите си замина речиси гол, остана само по гаќи. Сите ние дома однесовме бројни подароци од гостинските играчи, а најмногу од Мбапе. Ни ги даде и неговите копачки. На сите тие подароци им се израдувавме како да сме постигнале гол“ посочија играчите на Минера.
„Фудбалерите на Реал, а посебно Мбапе, се покажаа како големи личности, ја покажаа сета класа за да се биде играч на најголемиот клуб во светот“ дополнија домашните фудбалери.