logo
logo
logo

Играч на Барселона упати лоши зборови за својот тим: Не ме интересира ништо, што сака нека им се случи

Vecer | 03.03.2021

Играч на Барселона упати лоши зборови за својот тим: Не ме интересира ништо, што сака нека им се случи

Се поголем дел од играчите на Барселона или поранешните фудбалери на овој тим, не го кријат својот револт од однесувањето на челниците и на стручниот штаб на тимот. Луис Суарез рече дека управата премногу лесно се откажала од него, а сега се огласи уште пожестоко и Жан-Клер Тодибо, кој и натаму е актуелен играч на Барса, на позајмица во Ница.

Овој играч беше испратен на позајмица во Бенфика, а во јануари вратен, но повторно замина како позајмен во Ница. Тренерот Роналд Куман му порача дека нема да смета на него. Сето тоа го налути 21-годишниот стопер.

„Искрено не сум заинтересиран за работите кои се случуваат во Барселона. Од време на време гледам некој натпревар поради моите сонародници Дембеле, Ленгле и Умтити, но не ги следам“, рече Тодибо.

Тој за француските медиуми даде изјава по повод натпреварот со ПСЖ во ЛШ.

„Реваншот против ПСЖ? Воопшто не сум заинтересиран. Или ќе се извадат, или ќе испаднат. Воопшто не е мој проблем“, рече Тодибо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk